Енис Барди направи чекор напред во рехабилитациската програма откако македонскиот репрезентативец денеска почна со трчање во тренинг-центарот на Леванте.
Шпанскиот клуб објави видео од Барди како трча, прв ваков тренинг на нашиот интернационалец по повредата што ја заработи на тренингот на македонската репрезентација на 10 ноември. Очигледно е дека Барди се уште има потешкотии во движењето, повредата на грбот не беше нималку наивна, но самото трчање е огромен чекор напред на патот кон камбекот на терените.
Се уште е неизвесно кога Енис Барди ќе може да се врати во тимот на Леванте, но тоа сигурно нема да се случи до крајот на оваа година.
Como nos gusta ver a @enisbardhi10 sobre el verde ?#OrgullGranota ? pic.twitter.com/Xay9lW7HJB
— Levante UD ? (@LevanteUD) December 14, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА