ВИДЕО: Барем прв бод… Како Беласица во 94. минута испушти прва победа сезонава

Беласица секунди ја делеа од првата победа сезонава во Првата македонска фудбалска лига. Но, ако ништо друго струмичани барем го освоија првиот бод ремизирајќи (1-1) со Ренова на домашен терен.

А, Беласица имаше предност се до 95. минута од средбата, благодарение на голот на Александар Милушев во 29. минута.

Истиот фудбалер во второто полувреме доби втор жолт картон за исклучување, па тоа го искористи Ренова која во 94. минута успеа да ја скрати радоста на домашните со голот од пенал на Ален Јашароски.

Се вчитува...