Македонскиот дефанзивец Бесир Исени на извонреден начин ја почна својата одисеја во редовите на шкотскиот Ливингстон.
Уште во првиот свој натпревар за новиот клуб, Исени беше стрелец на погодок во победата од 2-0 на Ливингстон на пријателскиот натпревар против Сент Џонсон.
Исени беше стрелец на првиот гол за својот клуб, за водство од 1-0…
26-годишниот Исени игра како лев централен дефанзивец, а во својата кариера претходно ги бранеше боите и на Струга ТЛ, Тирана, Дукаѓини…, пред да се пресели во Шкотска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
