ВИДЕО: Безобразниот Крис одмазднички кон Дончиќ, избегната физичка пресметка

Лука Дончиќ со нова маестрална партија донесе победа на Далас против Голден Стејт запишувајќи нов „трипл-дабл“ од 31 поен, 15 асистенции и 12 скока за 30 минути на паркетот.

Но, во еден момент за малку и ќе се истепаше на паркетот. Кошаркарот на Голден Стејт, Маркис Крис намерно го турна Дончиќ кон фоторепортерите под кошот, по што Словенецот полуде. Веднаш стана во желба и за физичка пресметка со противничкиот кошаркар, но во тоа го спречија судиите и соиграчите па се остана само на вербални пресметки меѓу двајцата…

 

Се вчитува...