Тренерот на Црвена Звезда, Саша Обрадовиќ се понесе крајно непрофесионално на прес-конференцијата по синоќешната елиминација на неговиот тим во полуфиналето од плејофот во АБА лигата.
Црвена Звезда сосема заслужено и вторпат загуби од Партизан, за брза елиминација во полуфиналето.
„Честитки до Партизан, заслужено победија. Не е лесно да се даваат изјави. Има многу емоции, а сега не можам ни да ги објаснам причините. Кога би можел да ве замолам да ме поштедите ако сте дошле да слушнете некое зло. Ви благодарам“, рече Обрадовиќ и стана да заминува.
Притоа на заминување само дофрли на реакцијата на еден новинар:
„Ајде…Нема прашања… Какви прашања? И онака, сите дојдовте само да уживате“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
