Ријека дојде до лесен триумф од 4-0 против Истра во 21. коло од шампионатот во Хрватска.
А, стрелец на последниот погодок за Ријека беше македонскиот интернационалец Леонард Жута кој во 89. минута постигна вистински еврогол директно од слободен удар…
Ова е прв гол сезонава за Жута кој на мечот против Истра ги одигра сите 90 минути. Во тимот на Матјеж Кек го немаше Милан Ристовски кој остана на клупата за резервни фудбалери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА