ВИДЕО: „Бомбата“ на Ибраими Вардар ја неутрализираше преку Колевски и Реис Жуниор

Шкендија „прокоцка“ убава можност уште од Скопје да го осигура патот кон четвртфиналето во Купот на Македонија. Имаа тетовци во првиот осминафинален натпревар предност од 2-0 на полувремето на „Тодор Проески“ против Вардар, но со одлична игра во вториот дел „вардарци“ стигнаа до 2-2.

Шкендија отвори со голот на Омер Имери уште во 8. минута од средбата, а Бесарт Ибраими со извонреден гол во 42. минута зголеми на 2-0.

Но, „бомбата“ на Ибраими од првиот дел Вардар ја неутрализираше со головите на нововлезениот Бојан Колевски во 72. минута и Бразилецот Реис Жуниор во 80. минута за конечни 2-2…

Се вчитува...