Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов повторно е херој на полскиот суперлигаш Погон Шчечин, денеска за победа од 1-2 на гостувањето против Пиаст во 8. коло од шампионатот.
Погон триумфираше благодарение на голот на Чурлинов во 57. минута откако по првото полувреме беше 1-1.
Но, погодокот на Македонецот потоа се покажа доволен за триумф на гостите кои сега со 15 бода се пробија на петтата позиција на табелата во полското првенство.
Македонската селекција под водство на Гоце Седлоски утре го има собирот за настапите во Лигата на нациите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
