ВИДЕО: Деби-головите на Мирчевски и Петровиќ за триумф на Вардар, го засенија прекрасниот гол на Да Силва

Вардар во своето, се чини, најдобро издание во новата сезона сосема заслужено славеше со 3-1 против Беласица во 7. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Црвено-црните“ победата ја најавија уште во првото полувреме со брзите дебитантски голови за Вардар на Мартин Мирчевски и Милован Петровиќ…

Во второто полувреме, прекрасен гол постигна Бразилецот во редовите на Беласица, Робсон Да Силва, но на крајот конечните 3-1 ги заокружи Филип Петковски.

Се вчитува...