ВИДЕО: Драмата во Гостивар – Како Вардар дозволи од 0-2 до 2-2, па да се спасува преку пенали

Вардар, неочекувано, дури преку пенал-рулетот успеа да се пласира во осминафиналето од Купот на Македонија откако по ударите од белата точка со 8-9 славеше на гостувањето против Вардар Форино во 1/16-финалето, на мечот во Гостивар.

Тимот на Александар Васоски се најдоа на чекор до рутински триумф откако поведе со 0-2 преку Дејан Блажевски од пенал и Филип Петковски, но Вардар Форино покажа квалитет и карактер успевајќи да се врати во мечот. Емир Алиу беше клучниот играч во таборот на домаќините, откако во рок од само пет минути во второто полувреме двапати го матираше голманот на Вардар и донесе реми.

Се вчитува...