ВИДЕО: Драмата во Велес – Стевковски одбрани два едноподруго пенали на Прелчец, но…

Ретко видена ситуација на фудбалските терени го одбележа натпреварот во Велес меѓу Борец и Македонија ЃП во 9. коло од ПМФЛ на кој домашните славеа со 2-1.

Клучниот момент, се чини, се случи во 85. минута кога беше досуден пенал за домашните. Гостинскиот голман Стевковски одлично го одбрани првиот обид на Никола Прелчец. Но, по сугестија на помошниот судија ударот беше повторен, па Стевковски повторно го одбрани и следниот пенал на Прелчец, па дури и следниот шут на Прелчец, и на крајот Оливер Пеев одбиената топка ја внесе во мрежата на гостите.

Ѓорѓи Ѓорѓиев во 91.минута го потврди триумфот на велешани со втор гол, а во последните мигови, Бразилецот Фернандо го постави конечниот резултат, 2-1.

Интерсно, „лавовите“ не искористија пенал во 60.минута преку Калид Абдул Басит кој самиот беше соборен во домашниот шеснаесетник. Но, Бурхан Мустафа убаво му го одбрани ударот од белата точка…

Се вчитува...