ВИДЕО: Е, тоа е Работнички – за само две минути со два гола го замолкна Чаир!

Во натпреварот на двата тима кои изминатиов период минуваа низ тежок кризен период, на крајот Работнички се радуваше на победа против Шкупи.

„Романтичарите“ во Чаир дојдоа до пресврт победа од 1-2 благодарение на головите на Оливер Пеев и Баже Илијоски во период од само две минути.

Домашните најпрво дојдоа до водство од 1-0 со голот на Устабаши во 28. минута. Но, во 63. минута по убавата акција од десната страна на Гофри, Пеев донесе израмнување на 1-1. И, по само две минути, во 65. минута одлично проигрување меѓу Илијоски и Гофри, па оној првиот донесе значајна победа за Работнички.

Головите од натпреварот во Чаир може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...