ВИДЕО: Еден Сахити, два Ивановски за моќен пролетен старт на Работнички

Работнички оствари убедлива победа над Македонија ЃП (0-3) во првото пролетно коло од фудбалскиот шампионат на Македонија. Со овој триумф, „романтичарите“ се искачија на третата позиција на табелата со 31 освоен бод. Во составот дебитираа новите засилувања, Ванче Шиков, Бенјамин Демир, Иван Вуковиќ, како и Александер Борха Кордоба, кој доби право на настап во овој зимски преоден рок.

Работнички до триумфот дојде со головите на Суат Сахити во 10. минута, и двата погодоци од пенал на Филип Ивановски во 58.минута, а потоа и во 78. минута откако домашниот голман Боби Целески го собори Горан Силјановски…

Се вчитува...