ВИДЕО: Ефектен гол на Малески – Струга поведува против Вардар!

Струга ТЛ сосема заслужено, со далеку подобро издание во второто полувреме, води со 1-0 против Вардар по 70 минути игра на дербито од 3. коло во Првата македонска фудбалска лига.

На дуелот кој се игра во Струга, домашните поведоа со голот на Христијан Малески во 61. минута од дуелот.

Одлична акција по десната страна на стружани, а Малески ефектно погоди под гредата од голот на немоќниот Давор Талески.

Се вчитува...