ВИДЕО: Ефектниот гол на Митровски не спречи пораз од Норвежаните

Репрезентацијата на Македонија за играчи до 18 години го освои третото место на турнирот „Четири нации“ во Рига, Летонија, откако во последното коло загуби од Норвешка со 1-3 (1-2).

Норвежаните дојдоа до предност со голот од пенал на Педерсен во 31. минута, а Хауг во 37. минута зголеми и на 0-2.

Најдобриот македонски стрелец на турнирот Димитар Митровски постигна ефектен гол во 44. минута на асистенција на Тодоровски за намалување на резултатот на 1-2.

Но убавиот погодок на младите Македонци не овозможи во второто полувреме да дојдеме до поповолен резултат, па на крај заминавме со пораз и од 1-3 по голот на Винјор во 88. минута.

Димитар Митровски турнирот во Рига го заврши со четири постигнати гол, на трите одиграни натпревари.

Се вчитува...