ВИДЕО: Емотивни сцени – Ѓоковиќ плачеше на терен!

Новак Ѓоковиќ неславно го заврши својот настап на УС Опен со пораз уште во 1. коло, што не му се случило на еден грандслем турнир од 2006 година.

Петтиот сет од натпреварот со Аргентинецот Маријан Навоне донесе и емотивни сцени. Ѓоковиќ едвај можеше да стои на нозе, но не сакаше да се откаже и да го расипе впечатокот.

Во еден момент не можеше да се воздржи и заплака, од агонија, бидејќи беше немоќен во тие моменти, но и веројатно знаејќи дека полека се збогува од тениските терени. Доби поддршка од трибините и овации, како што заслужува најдобриот играч во историјата на тенисот.

На крајот, Навоне победи со 6-1 во решавачкиот сет и продолжува понатаму.

Ова беше првиот пораз на Новак во воведното коло на Гренд слем турнир од Отвореното првенство на Австралија во 2006 година.

Се вчитува...