ВИДЕО: Еуфоријата во Струга – Галевски во 94. минута донесе триумф против Скопје

Иван Галевски е херојот на Струга Трим Лум во 6. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Стружани доминираа на мечот против Скопје, но до победата и трите бода дојдоа благодарение на голот на Иван Галевски во 94. минута. Сето тоа за огромна радост покрај Охридското езеро.

Претходно, Андреја Ефремов со одличните одбрани постојано ги спасуваше стружани. Во 65. минута го одбрани и ударот од белата точка на Валентин Кочоски.

Се вчитува...