ВИДЕО: Евро-гол на Ахмеди и мајсторија на Дориев за победа на Шкендија во Битола

Шкендија со пресврт сосема заслужено дојде до победа од 1-3 на гостувањето против Пелистер во Битола во 7. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Битолчани дојдоа до предност со голот од пенал на Танушев уште во 5. минута од средбата…

Но, потоа доминација на тетовци кои најпрво израмнија пред полувремето со евро-голот од слободен удар на Валон Ахмеди…

Во вториот дел одлична соло акција и мајсторски погодок на Љупче Дориев во 78. минута, а Бесарт Ибраими од пенал во 86. минута само заокружи на 1-3.

Се вчитува...