Видео: Еврогол на Алхасан, Шкендија преку Тиквеш до четвртфиналето од Купот на Македонија

Шкендија се пласираше во четвртфиналето од Купот на Македонија откако попладнево на домашен терен триумфираше над Тиквеш со 2-0.

Тетовци ја оправдаа фаворитската улога, а во прилог им одеше што и успеаја уште во првото полувреме да го скршат отпорот на гостите, со евроголот што од околу 25 метри го постигна Алхасан во 44. минута.

Кавадарчани мораа да се отворат во второто полувреме, а Шкенндија го искористи тоа постигнувајќи и втор гол преку Мазари во самиот финиш од натпреварот.

Се вчитува...