Академија Пандев, без проблеми, и со втора победа од 3-1 против прилепска Победа се пласираше во финалето од Купот на Македонија.
Победа на денешниот реванш дуел во Кавадарци поведе во првото полувреме со голот на Каланоски, а во второто полувреме следеше целосниот пресврт. Најпрво во 48. минута израмни од пенал Стоилов, а во 57. минута следеше и прекрасниот гол од слободен удар на Стојанче Велинов кој ги одбележа денешните полуфинални дуели.
Во 85. минута Кристијан Стојкоски ги постави конечните 1-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА