Два убави погодоци на почетокот од натпреварите од последното есенско коло во Првата македонска фудбалска лига.
Гол-програмата ја отвори Струга ТЛ поведувајќи против Воска Спорт уште во 6. минута по феноменалната акција која со гол ја круниса Христијан Малески.
Извонредна акција како од учебник во три потези на стружани, со проигрување од прва, за на крај ефектен погодок на Малески.
А, убав погодок и на арената „Тодор Проески“ во Скопје каде Работнички во 15. минута поведе против Пелистер.
По корнерот од левата страна, одлично се снајде на одбиената топка Адтхе Мазари кој од 16 метри прецизно стрела за 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА