ВИДЕО: Феноменален гол на Жута – ја „собра пајажината“ директно од слободен удар од 25 метри!

Ријека славеше со убедливи 5-1 против Интер Запрешиќ во 34. коло од хрватската Прва лига, по што се врати во игра за шампионската титула на две кола пред крајот.

А, стрелец на четвртиот гол за Ријека во 73. минута од средбата беше македонскиот интернационалец Леонард Жута кој постигна феноменален гол директно од слободен удар со шут од околу 25 метри…

По овој триумф, Ријека со 66 бода сега на втората позиција е на четири бода од водечкиот Динамо Загреб, кој по поразот од Локомотива пропушти можност уште вечерва да ја слави титулата.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...