ВИДЕО: Феноменалниот Џани Алиоски… и „Нестор-гол“ без гол!

Македонската репрезентација имаше извонредна можност да дојде до триумфот против Албанија во квалификацискиот натпревар за СП 2018, но мораше да се „задоволи“ само со реми (1-1) по нереализираните шанси во финишот на мечот…

Извонреден на мечот беше крилниот офанзивец на Лидс, Езгијан Алиоски убедливо најдобриот поединец во нашите редови… Алиоски ја одигра најдобрата своја партија во репрезентативен дрес, посебно откако во второто полувреме се префрли на десната офанзивна позиција… Демонстрирајќи вистинска мајсторија и во 85. минута кога испрати вистински волеј-проектил… По одбраната на гостинскиот голман Бериша, на топката дојде Нестор-гол кој не успеа да погоди од непосредна близина…

Во секој случај, потег на Алиоски кој вреди да се погледне…

Се вчитува...