Видео: Феноменалниот Милосављев – три одбрани за пет секунди

Не бранеше Арпад Штербик, туку Дејан Милосављев. Но, денеска речиси и да немаше разлика на голот на Вардар, младиот Србин се прикажа во извонредно светло на своето деби во Лигата на шампионите, потврдувајќи дека поседува неверојатен потенцијал.

Бранеше од најразлични ситуации, откажа неколку ракометари на Монпелје во обидите да ја затресат неговата мрежа, но Милосављев потегот на мечот го имаше во првото полувреме, кога при резултат 9-9 и контранапад на европскиот првак, за пет секунди нанижа три интервенции.

Феноменално, нема што…

 

Се вчитува...