ВИДЕО: Феноменалните одбрани на Митревски… и овациите од навивачите на Порто за херојот во новата победа!

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски е играч на натпреварот во победата на Порто од 32-31 против ГОГ во 6. коло од Лигата на шампионите.

Порто на полувремето имаше и негатива од шест гола (15-21) пред своите навивачи, но во вториот дел на голот на португалскиот тим застана феноменалниот Митревски кој блесна во сиот свој сјај.

За едно полувреме Митревски имаше 13 одбрани од 23 противнички шута (или извонредни 57% одбранети удари) што го издвои дефинитивно како клучна фигура во победата на својот тим.

Токму поради тоа македонскиот голман со овации и аплаузи од навивачите на Порто беше испратен по мечот, повторно по којзнае кој пат како херој на својата екипа во Лигата на шампионите.

Се вчитува...