Видео: Фешта – Порто е македонски град, домаќините се воодушевени од „фалангата“

ЕКИПА во Порто,

Владимир Булатовиќ

Португалија можеби вечерва ќе биде домаќин на дуелот со Македонија од баражот за СП 2022, но Порто дефинитивно попладнево е македонски град, откако илјадници припадници на „фалангата“ допатуваа за да им дадат поддршка на избраниците на Боби Милевски на клучниот меч за мундијалски пласман.

Домаќините се воодушевени од македонските фанови, кои го обоија центарот на градот во црвено-жолто, создавајќи фантастична атмосфера.

„Ја излези Ѓурѓо“ ечеше од грлата на Македонците во градот, како и други десетина македонски народни песни…

Атмосферата меѓу македонските фанови е на највисоко ниво, а се очекува да кулминира на стадионот „Драгао“, сите се надеваме со позитивен резултат на нашите фудбалери.

Се вчитува...