Скопје успеа да дојде до бод од пресметката со Силекс (1-1) во 28. коло од ПМФЛ, со кој по ремито и на Победа и Пелистер активно ја продолжува битката за опстанок во елитата. Иако тимот од Автокоманда можеше лесно да дојде и до трите бода!
Силекс поведе со голот на Глигоров во 16. минута, а бодот за скопјани го донесе Филип Петковски со мајсторски волеј во 55. минута…
Но, Филип Петковски и покрај постигнатиот погодок е и трагичар за скопјани.
Во 80. минута од средбата Петковски не успеа да реализира удар од белата точка со кој тимот на Љупчо Марковски ќе направеше значаен чекор кон опстанокот!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА