ВИДЕО: Филиповски постигна еврогол за бод на „лавовите“ против „пандевци“

Фудбалерите на Македонија ЃП продолжуваат со квалитетните изданија во домашниот шампионат, ремизирајќи (1-1) во 28. коло од ПМФЛ на домашен терен против Академија Пандев.

Бодот за „лавовите“ го донесе Кристијан Филиповски со извонредниот погодок со волеј удар во 65. минута. Претходно, Академија Пандев поведе со голот на Даниел Миловановиќ по еден брз контранапад во 44. минута…

Головите од дуелот во Ѓорче Петров може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...