ВИДЕО/ ФОТО: Николов го доби златото – Македонската химна одекна во чест на светскиот шампион!

Новиот светски шампион, македонскиот кикбоксер Глигор Николов го доби златото на Светското јуниорско првенство кое се одржува во Лидо ди Јесело, Италија.

Македонската химна одекна во Италија во чест на новиот светски јуниорски шампион Николов во категоријата до 67 килограм – лоу кик.

Во денешното финале, Николов славеше против Азербејџанецот Хасан Алеќаров со што се искачи на светскиот кикбокс врв.

Бронзениот медал денеска го доби и Петар Лозановски.

Петар Лозановски со бронзениот медал

Утре, Македонија во битка за уште две светски злати. Во финалните натпревари, во своите категории, ќе се борат и Томи Андонов против Алекса Алексов од Србија, како и Калин Бабоски против Матви Кујавец од Украина.

Претходно, со бронзен медал се закити и Драгица Глигорова откако не успеа да слави во полуфиналето против грчката натпреварувачка Евагелија Китсоу.

 

Се вчитува...