ВИДЕО: Голот на Алтипармаковски во 93. минута за прва победа на Брегалница и прв пораз на Академија Пандев

Во уште еден драматичен натпревар одигран сезонава Брегалница, по претходните четири ремија, стигна и до првата победа во извонреден дуел против лидерот Академија Пандев.

Штипјани до триумфот од 3-2 дојдоа благодарение на голот на засилувањето Марјан Алтипармаковски во 93. минута од средбата кој одлично реагираше по нафрлувањето од левата страна.

Претходно за Брегалница погодија и уште две засилувања од летниот преоден рок, српските интернационалци Никола Ескиќ и Милан Ѓокиќ. За Академија Пандев, кој двапати имаа водство, стрелци на головите беа Велиновски и Мирчевски.

Се вчитува...