ВИДЕО: Голот на Додев во 93. минута го анулираше киксот на Денковски

Брегалница по четири натпревари на стартот од сезоната во Првата македонска фудбалска лига има исто толку нерешени резултати.

Штипјани денеска одиграа 1-1 на гостувањето против Борец во Велес, благодарение на голот на Дарко Додев во 93. минута…

А, Брегалница беше подобар тим на теренот во текот на целиот натпревар, но домашните поведоа преку Лука Трајковски во 67. минута благодарение само на големиот кикс на гостинскиот голман Денковски.

Сепак, на крајот Додев го анулираше киксот на Денковски за бод на Брегалница од Велес.

Се вчитува...