ВИДЕО: „Гори“ во Тетово – Шкендија слави втора титула, Ќато во рацете на фудбалерите!

Шкендија сосема заслужено стигна до втората своја титула во македонските шампионати, на повеќе од убедлив начин освојувајќи ја сезоната 2017/2019 во Првата македонска фудбалска лига!

Со неверојатна предност од +26 бода пред најголемиот ривал Вардар, Шкендија стигна до круната дури на седум кола пред крајот на првенството. Доминација која од поодамна не била во домашниот фудбал. Па, сето тоа за заслужено славје на тетовци по денешниот триумф од 2-0 против Шкупи, кои ја поделија радоста со „Балистите“, но и го издвоија својот тренер Ќатип Османи кој се најде повторно во рацете на фудбалерите, како еден од најзаслужните за трофејот…

А, до денешниот триумф од 2-0 против Шкупи во Тетово, Шкендија дојде со головите на Марјан Радески во 63. минута и Бесарт Ибраими во 82. минута…

Се вчитува...