ВИДЕО: Грците славеа како да освоиле Мундијал… Ама и си заслужија!

Ракометната репрезентација на Грција приреди вистинско изненадување со победата над Македонија од 28-26 во квалификацискиот натпревар за пласман на ЕП.

Очајната игра на нашите репрезентативци уште од дуелот со Турција, само се пренесе и во Кожани, каде Македонија доживеа срамен пораз од европски ракометен аутсајдер. Па, на крајот Грците сосема очекувано славеа како да освоиле Светско првенство… Сето тоа кажува колку им значеше една ваква победа против фаворит како Македонија. Ама си заслужија! Чесно! И, таква победа! И, такво славје! За разлика од македонските репрезентација кои срамно потонаа против Грците без игра, без желба, без мотив, без „пиле во себе“ да се триумфира и за себе и за нацијата!

Се вчитува...