ВИДЕО: Хет-трикот на Сила со кој ја реши Шкендија

Во дербито на шестото коло во Првата Македонска фудбалска лига, Тиквеш како гостин и го нанесе првиот пораз на Шкендија и тоа со убедливи 1-3.

Јунакот кој ги шокира тетовци е Нфанли Сила кој ги даде сите три гола за кавадарчани.

Резултатот беше отворен во 19-та минута, а во второто полувреме Сила постигна уште два гола. Прво во 60-та минута зголеми на 0:2, а во 72-тата минута го постави конечниот резултат. Единствениот гол за Шкеднија го постигна Дрилон во 67-та минута.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ХЕТ-ТРИКОТ НА СИЛА ЗА ПРВ ПОРАЗ НА ШКЕНДИЈА СЕЗОНАВА

Се вчитува...