ВИДЕО: И покрај полемиките – регуларен гол на Кировски за реми на Скопје со Ренова

Повратникот во Првата лига, екипата на Скопје дојде до реми (1-1) на гостувањето против Ренова во Тетово на стартот од новата сезона.

Голот за бод на скопјани го постигна капитенот Христијан Кировски во 78. минута со мајсторски удар со глава по прекрасното проигрување од левата страна.

И покрај првичните полемики околу регуларноста на голот поради наводна офсајд-позиција, сепак сосема е јасно дека голот на Кировски е сосема регуларен. Офанзивецот на Скопје беше надвор од офсајд-позиција одлично реагирајќи на нафрлањето, за 1-1…

Се вчитува...