Видео: Јокиќ држеше час по кошарка, Гобер не знаеше што го снајде

Руди Гобер неодамна беше избран за најдобар дефанзивец во НБА-лигата за сезоната 2023/24, но францускиот центар е немоќен во дуелите со Никола Јокиќ во полуфиналето од Западната конференција.

Ова беше особено очигледно на синоќешниот меч на кој Јокиќ си поигруваше со Французинот, кој се фрустрираше што никако не може да го запре најдобриот кошаркар во НБА-лигата за оваа сезона.

Најдобар доказ се бројките, Јокиќ го заврши натпреварот со 40 поени и 13 асистенции, без ниту една загубена топка.

Дел од неговите мајстории во дуелите со Гобер можете да ги погледнете на следното видео…

Се вчитува...