Шкендија продолжува да испишува историја за првпат минувајќи два ривали во квалификациите за Лигата на шампионите.
По ТНС падна и Шериф, откако молдавскиот првак вечерва не успеа да го најде патот до мрежата на Захов, па Шкендија благодарение на победата од 1-0 во Скопје се најде во следната квалификациска рунда, каде ќе се сретне со Салцбург.
Најзаслужни за денешното реми се дефанзивците Висар Муслиу и Мевљан Мурати, кои во самиот финиш во една иста акција спречија водство на Шериф. Се играше 87. минута кога домаќините уфрлија опасна топка во шеснаесетникот, се создаде мешаница и напаѓачот на Шериф се најде во идеална позиција, пред Муслиу да му ја симне топката од нога. Акцијата продолжи, следеше опасен шут од десетина метри, но на патот до мрежата сега се испречи Мурати, спречувајќи ја и последната шанса на Молдавците да ја затресат мрежата на Захов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА