Видео: Како охриѓани ја освоија Татабања

Охрид е многу блиску до кревање на шампионскиот трофеј во ЕХФ Европскиот куп откако македонскиот тим славеше со 28-29 на првиот дуел од финалниот двомеч со Татабања, и тоа на гостински терен во Унгарија.

Доминацијата што ја покажаа охриѓани во големи периоди од денешниот меч е најдобар доказ за квалитетот на Охрид, начинот на кој беше неутрализиран атомскиот напад на Унгарците, сето тоа дава причина за оптимизам дека историската шанса нема да биде пропуштена, па охриѓани следниот викенд, во својата сала пред верната публика ќе го прослават најголемиот успех во својата историја.

ЕХФ објави краток видео-запис од најинтересните победи од големата победа на Охрид во Татабања… Погледнете…

Се вчитува...