ВИДЕО: Како „пандевци“ обезбедија триумф за трасирање на патот кон финалето во Купот

Академија Пандев во второто полувреме го скрши отпорот на Победа во првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Македонија, па со триумф од 3-1 си обезбеди релативно помирен реванш за пат кон финалето во најмасовното домашно клупско натпреварување.

Велинов во 53. минута и Миловановиќ во 54. и во 62. минута ја донесоа победата за „пандевци“, а Макота во 81. минута единствено успеа да постигне гол за каква-таква надеж за прилепчани во реваншот…

Головите од пресметката на стадионот „Младост“ во Струмица може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...