Работнички во крајно интересен натпревар стигна до триумф од 3-2 на првиот пријателски натпревар за време на подготовките во Анталија, против украинскиот прволигаш Днипро.
„Романтичарите“ иако први имаа шанса по шутот на Дурански во 15. минута кој заврши во дирекот од противничкиот гол, сепак Украинците со два гола до 40. минута од првиот дел имаа предност од 0-2. Баланјук во 30.минута го отвори резултатот во корист на Днипро, а Херера си постигна автогол девет минути подоцна, за водство на Украинците од 0-2.
Сепак, тоа не значеше крај на надежите за позитивен старт во Анталија. Филип Ивановски возврати во 42.минута со одличен удар со глава и намали на 1-2., а вториот дел Кире Маркоски во 57.минута го израмни резултатот, за да Емир Сахити во 71.минута ги постави конечните 3-2 за четата на Виктор Треневски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА