Видео: Камбекот има име – се вика Никола Митревски

Никола Митревски на најдобар можен начин покажа дека заслужува да биде стартен голман на Порто и во Лигата на Шампионите, по извонредниот придонес што Македонецот го даде за големата победа од 29-30 на гостувањето против Целје.

Порто се врати од „минус девет“ во второто полувреме, а Митревски со два одбранети зицера ги откажа домаќините во моментите кога португалскиот состав се враќаше во мечот.

„Камбекот има име – се вика Никола Митревски“, е коментарот на ЕХФ на видеото со двете извонредни одбрани на нашиот голман, кој мечот го заврши со четири успешни интервенции за петнаесетина минути игра.

Се вчитува...