ВИДЕО: Катастрофалната грешка на тетовци за подарок победа за Салцбург

Шкендија беше подобар противник на реванш натпреварот од 3. квалификациско коло за ЛШ. Заслужија избраниците на Ќатип Османи барем и со минимална победа да се збогуваат од ЛШ по сите оние шанси во вториот дел на Алими, Ибраими и Жуниор…

А, на крајот место триумф им подарија победа на Австријците кои до триумфот стигнаа во 92. минута со голот на Јапонецот Минамино кој ја искористи големата грешка во одбраната на Шкендија.

Се вчитува...