ВИДЕО: Ќерката на судијата Тејлор престрашена и во солзи по нападот од навивачите на Рома

Рома не успеа да дојде до трофејот во Лигата на Европа откако синоќа по изведувањето на пеналите загуби во Будимпешта. Фановите на Рома за сето тоа го обвинуваат главниот судија Ентони Тејлор.

Сите му забележуваат за два недосудени пенали, наиде на жестоки напади по мечот, но најголемиот напад го доживеа на пат за дома. Тејлор на аеродромот во Будимпешта беше пречекан од стотина навивачи на Рома кои откако го забележаа веднаш го нападнаа.

Во еден момент бројни навивачи се собраа околу него со желба физички да се пресметаат. Заедно со него беа и неговата сопруга и 12-годишната ќерка која беше видно престрашена и во солзи. За среќа регираше и полицијата која успеа да ги извлече до лифтот.

Anthony Taylors daughter in tears after getting physically assaulted with bottles and chairs
by u/InterMilanPajeet in soccer

Некои од навивачи тргнаа да се тепаат и со обезбедувањето и полицијата која го штитеше Тејлор.

Како што е познато, и Жозе Мурињо по средбата не бираше зборови навреди кон Тејлор кого го пречека пред автобусот.

„Е.ена срамота. Секоја чест, срамото“ – довикуваше Мурињо кој не можеше да се контролира, па сигурно го очекува и казна за ова однесување.

Се вчитува...