ВИДЕО: Кикс на младиот голман Денковски…, Робсон не му прости

Беласица се пласираше во четвртфиналето од Купот на Македонија триумфирајќи со 0-1 на гостувањето против Брегалница во осминафиналето, благодарение само на киксот на младинскиот репрезентативен голман на штипјани, Давид Денковски.

Во 50. минута од средбата, Денковски непотребно истрча на повеќе од 20 метри пред својот гол, не успеа да му ја украдне топката на Милушев кој убаво го проигра Бразилецот Робсон Да Силва, а на кого не му беше тешко да погоди во празната мрежа…

Се вчитува...