Видео: „Километарска“ редица – секој сака да купи дрес од Меси од ПСЖ

Мегатрансферот на Лео Меси е одлична бизнис-зделка на челниците на ПСЖ, а ефектот од неа стана очигледен веднаш по потписот на договорот со Аргентинецот.

Сите дресови преку онлајн-продажба беа „разграбани“ за помалку од дваесет минути, сите со нарачка за „триесетката“ на Меси на грбот.

Во залиха останаа оние дресови во фан-шопот во близина на стадионот, каде од рано утрово можеше да се забележи долга, долга редица. Очигледно, секој сака да дојде до вредното парче опрема пред дебито на Меси за ПСЖ, што би можело да се случи веќе в сабоа, на дуело на „Паркот на принцовите“ против Стразбур.

Се вчитува...