ВИДЕО: Кировски никако да се израдува до крај… Погоди, па со утка на колото!

Силекс и Македонија ЃП ремизираа (1-1) во 26. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Лавовите“ повторно дојдоа до предност, како и на претходниот дуел со Работнички, со погодокот на Христијан Кировски во 41. минута кој одлично реагираше со глава по центаршутот од левата страна. Но, повторно противникот успева да израмни против Македонија ЃП за 1-1. Сега за Силекс бод донесе Дарко Алексовски со голот од пенал во 66. минута.

Голот на Христијан Кировски на гостувањето против Силекс во Кратово може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Но, затоа во 65. минута Кировски имаше можност да донесе водство и од 0-2 за својот тим, а утна нешто што не се промашува…

Се вчитува...