ВИДЕО: „Комити“ грмеа – Управа п….и, сите да си одите!

На жесток револт од најверните навивачи „Комитите“ наиде срамното издание на Вардар на реванш дуелот од 1. квалификациско коло за Лигата на Европа и елиминацијата од аутсајдерот Пјуник.

Вардар, и покрај тоа што беше фаворит, загуби пред своите навивачи со 0-2, со два гола на гостите во самиот финиш. На секој погодок на гостите „Комитите“ се огласија со жестоки скандирања против раководството на клубот:

„Управа п….ри! Сите да си одите“ – беа дел од скандирањата на најверните вардарови навивачи….

„Управа надвор… Оди си Панчев“ – продолжија „Комитите“ се до крајот на мечот.

На крајот и фудбалерите на теренот беа испратени со жестоки свирежи од сите присутни околу 5.000 навивачи на „Филип Втори“.

Вардар, од учесник во групната фаза на Лигата на Европа минатата сезона, сега го допира дното! И тоа, како продолжение на очајната измината сезона и во домашната лига!

Се вчитува...