ВИДЕО: Крај на надежите за Работнички….!? 3-0 за Хонвед и црвен картон за Херера

Европското лето за Работнички се чини завршува уште во првото квалификациско коло. Македонскиот тим на 20 минути пред крајот од мечот во Будимпешта веќе има негатива и од 3-0 против Хонвед.

Но дополнителен проблем за „романтичарите“ е и фактот дека играат и со фудбалер помалку по директниот црвен картон на Херера во 62. минута.

Херера направи прекршок врз Данило во шеснаесетникот, откако овој беше последен играч во контранапад пред голот на Божиновски, по што доби директен црвен картон. Па, Данило од белата точка не погреши во 63. минута за водство и од 3-0 на Хонвед…

Се вчитува...