ВИДЕО: Лилјак ги исплаши кошаркарите на Милвоки

Натпреварот од НБА лигата меѓу Сан Антонио и Милвоки во третата четвртина накратко беше прекинат поради лилјак. И додека кошаркарите на „спарс“ се навикнати на вакви ситуации, на играчите на „бакс“ не им беше сеедно.

„Секако дека се исплашив. Тоа е првпат да видам лилјак толку блиску до мене“ – изјави ѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокумбо.

Неговиот соиграч Ерик Бледсо се огласи со зборовите:

„Мамо денеска бев нападнат“.

Натпреварот заврши со победа на Сан Антонио од 121-114.

Се вчитува...