ВИДЕО: Лука Дончиќ е магионичар…

Далас Маверикс загуби на гостувањето кај Њујорк Никс со 106-103 во еден од синоќешните натпревари од НБА лигата.

Но, ако ништо друго неверојатниот Лука Дончиќ уште еднаш потврди дека е вистински „магионичар“ на паркетот. Стигна до нов трип-дабл сезонава, завршувајќи го мечот со 33 поени, десет скока и 11 асистенции, притоа не пропуштајќи ниту најмала можност да ја воодушевува кошаркарската јавност во САД… Како, на пример, при овие поени…

 

Се вчитува...